Капетанот последен го напушти Дајмонд принцес: Крузерот ќе се дезинфицира, новото патување е закажано за 29 април

На овој крузер како дел од персоналот беа и тројца македонски државјани од кои еден заболе од коронавирус и беше префрлен на лекување во болницата во Јокохама.

Речиси месец дена откако на крузерот „Дајмонд принцес“ на американската туристичка компанија „Принцес крузес“ изби епидемија, капетанот Џенаро Арма го напушти бродот. Беше последен кој го направи тоа.
Тој крузер во еден момент беше жариште на најголемата епидемија надвор од Кина, додека не го претекнаа Јужна Кореја, Италија и Иран. Откако заразата е детектирана на бродот, тој беше закотвен во јапонското пристаниште Јокохама и ставен во изолација.
Имено 705 од 3.711 патници и членови на посадата во меѓувреме беа заразени, а шест патници починаа. Карантинот требаше да трае две недели, но на крајот е продолжен до 1. март, кога последните патници и членови на посадата го напуштија бродот заедно со капетанот.

„Капетанот Арма беше последен кој го напушти Дајмонг принцес, тој е херој во очите на сите неа кои сме дел од глобалната заедница „Принцес“. Му благодариме нему и на неговите високи офицери. Ја нудиме нашата искрена благодарност до владините агенции во Јапонија и ширум светот кои работеа со нашите колеги на брегот за да им пружат поддршка и помош на нашите гости и членови на посадата во ова лошо време“, порачаа од компанијата.

Арма навистина имаше неблагодарна задача да го одржува редот и моралот на бродот на кој патниците беа затворени во кабини, често и без прозорци.
„Вашето водство ни даде надеж и храброст да го завршиме она што го почнавме“, напиша еден патник на официјалната Фејсбук страница на компанијата.
„Добра работа, капетане Арма и посадо, работевте напорно да ни осигурите комфор и да нè охрабрите нас низ ова тешко време“, напиша патничката Керол Велч.
Компанијата во меѓувреме почна со подготвките за ново патување планирано за 29. април. Пред тоа следува темелно чистење за да се осигури дека коронавирусот навистина е искоренет на бродот.
На овој крузер како дел од посадата беа и тројца македонски државјани од кои еден заболе од коронавирус и беше префрлен на лекување во болницата во Јокохама. Според македонските здравствени власти неговата состојба е подобрена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот