Капацитетите во дебарската болница преполни, се размислува за пренамена и на други одделенија

Болница Дебар
Болница во Дебар /Фото: МИА

Болничките легла во двете одделенија, инфективното и хируршкото, се веќе пополнети и во Општата болница со проширена дејност во Дебар се размислува за пренамена и на други одделенија за ковид пациенти, изјави за МИА Баки Алили, директор на болницата.

-Напливот на заразени на кои им е неопходен болнички третман е голем. Болничките кревети во Ковид центарот во инфективното одделение и во хруршкото, кое неодамна го пренаменивме за ковид пациент, се пополнети. Поради зголемениот број случаи со потешка форма, размислуваме да пренамениме и некое од другите одделенија, додаде Алили.

Според него моментно хоспитализирани се 38 ковид пациенти, од нив дури 33 се на кислородна поддршка а амбулантски се лекуваат дневно по најмалку 30 лица.

-Во здравствени установи во Скопје имаме седум наши сограѓани, откако, за жал, денеска еден, жител на Дебар, почина. Тој по дванесет дневен третман во нашата болница вчера беше транспортиран во Скопје, по барање на неговите најблиски. Голем е бројот на оние кои доаѓаат на прегледи со симптоми на опасниот вирус, посочува тој.

Во општините Дебар и Центар Жупа, кои со здравствена заштита ги покрива дебарската болница, заклучно со вчерашниот ден само овој месец опасниот вирус е дијагностициран кај 342, главно невакцинирани, во списокот на закрепнати се внесени вкупно 11, додека, за жал, починале 16 лица вклучувајќи ја и денешната жртва.

Во меѓувреме непречено се одвива процесот на имунизација против опасниот вирус, вели Алили и нагласува дека денеска се аплицирани 220 вакцини.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот