Канје Вест нема да биде претседател: Судот ја одби кандидатурата!
Канје Вест, познатиот рапер и сопруг на Ким Кардашијан, сепак нема да може да влезе во трката за претседател на САД, одлучил судот во Охајо.
Препорачано
Со едногласна одлука во судот е одлучено дека државниот секретар Франк Лароуз постапил во согласност со законот кога ја одбил кандидатурата на Вест, која раперот ја предал во 12 држави. Тој одбил скоро 15.000 потписи и останати документи кои ги поднел раперот. Лароуз како причина ги навел неусогласените информации во документите за собирање потписи.

Канје претходно јавно политички го поддржуваше претседателот Трамп, сѐ додека на 4 јули не ја објави својата претседателска кандидатура.
Како што пишуваат странските медиуми, она што на демократите им пречело кај Вест, кој претходно зборуваше за дијагнозата за неговото биполарно пореметување, е што во кампањата му помагаат републикански оперативци како зетот на Трамп и вишиот советник на претседателот Џаред Кушнер.
Со самото тоа се смета дека кандидатурата на раперот само требало да пречи на кандидатурата на противникот на Доналд Трамп, Џо Бајден.
„Нема да се расправам со вас. Исус е крал. Целта е да победам!“, одговори тогаш Канје на демократите.
Засега Канје сѐ уште не се огласи за одбивањето на кандидатурата.


