Камен саркофаг од втори век пронајден во Карпош (ФОТО)

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вчера на својот Фејсбук профил објави фотографии од артефакти што биле пронајдени во скопската населба Карпош 4, при реконструкција на улица.

Од Музеј на Град Скопје, денеска го потврдија пронајдокот, потенцирајќи дека се работи за камен саркофаг и три елементи на надгробен Олтар кои потекнуваат од римски период 2 век од наша ера.

Пронајдоците биле извадени во присуство на Вера Атанасовска, археолог и конзерватор, директорот Коле Чапкановски, како и Ленче Јованова, археолог, советник-кустос, вработена во ЈУ Музеј на град Скопје. Во соработка со Град Скопје тие ќе бидат пренесени на археолошкиот локалитет Скупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот