Фото: Инстаграм

Калиопи ја испрати сестра ѝ во пензија со емотивна порака: „Кога бев мала, сакав да бидам како тебе“

Со зборови што топлат душа, Калиопи ѝ честиташе роденден и пензија на својата сестра Корнелија Буклеска, дологoдишна уредничка на Редакцијата за култура и уметност во МРА – Радио Скопје.

Пејачката објави фотографија од сестра ѝ и сподели дека уште како девојче ја гледала како свој пример и инспирација.

„Мојата преубава сестра, мојата гордост, вчера на 18.11.2025, го прослави својот роденден и заминувањето во пензија. Овој глас нè милуваше и оплеменуваше на брановите на Македонското Радио. Кога бев мала, сакав да бидам како тебе. Ти честитам мила моја! Сега е време за твојата друга љубов – пишувањето. Те сакам Нели моја. Твоја Опи“, напиша Калиопи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Корнелија, која три и пол децении беше еден од најпрепознатливите гласови и уреднички потписи на јавниот сервис, беше испратена во заслужена пензија со мала прослава и подароци од своите колеги.

Тие на социјалните мрежи споделија фотографии од прошталниот момент и ѝ порачаа дека 37 години храбро ја градела својата професионална приказна.

„Во животот се добива само тоа што ќе се побара со храброст. Без храброст нема приказна, а Корнелија Буклеска, уредничката на Редакцијата за култура и уметност во МРА-Радио Скопје има своја приказна по 37 години поминати во радиото. Taa e и останува храбра жена и понатаму. Денеска слави 64. роденден и заминува во заслужена пензија. Среќно и нека се множат годините, наша Корнелија! Од срце, МРА“, стои во објавата на радиото, каде беа објавени повеќе фотографии од испраќањето и заедничката прослава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот