Каква тајна Кејт Мидлтон и принцот Вилијам со години кријат од својот првороден син – принцот Џорџ?

Profimedia
Profimedia

Познатите родители едвај го очекуваат вистинскиот момент кога ќе можат да му ги соопштат овие важни вести…

Принцот Вилијам (38) и Кејт Мидлтон (38) на 22 јули 2013 година го добија првото дете – принцот Џорџ, кој е новиот престолонаследник, но сè уште не е запознаен со должностите кои го очекуваат во текот на животот.

Имено, денес седумгодишното момче е родено во болницата „St. Mary“ во Лондон, а британската јавност не го криеше воодушевувањето поради доаѓањето на новиот член на кралското семејство.

Instagram
Instagram
Принцот Џорџ е трет по ред за круната, по 71-годишниот син на кралицата – принцот Чарлс и 38-годишниот внук, а негов татко – принцот Вилијам.

Тој со самото тоа што е првороден доби поголема важност од сестрата Шарлот и братот Луис, кои се родени подоцна.

Токму поради тоа значење, но и одговорноста која титулата ја носи, од Џорџ веќе со години се крие оваа голема тајна.

Кралската авторка Кетрин Мајер вели дека Кејт и Вилијам сакале да го заштитат своето дете од притисокот и сознанието дека тој еден ден ќе биде британски крал.

Instagram
Instagram

„Одлучија да го одложат тој момент во кој ќе му кажат каква иднина го очекува бидејќи во моментов сакаат да му подарат што е можно понормално растење и неоптеретено детство“, изјави таа.

„Тој веќе сфати дека не е „обично“ момче, но Кејт инсистира да расте во што „понормално“ опкружување со цел да му овозможи детство какво што имала и таа“, заклучи Мајер.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот