Каква несреќа: Си купил „Ферари“ и го искршил на три километри од продажниот салон
Иако овој инцидент се случил на 1 април, сепак не е првоаприлска шега. Имено, човек од Велика Британија си купил „Ferrari 488 GTB“, па го искршил на 3,2 километри од продажниот салон.
Препорачано
Според полицијата од Дарби, автомобилот бил купен утрото на 1 април и поминал само неколку минути во движење до моментот на несреќата. За среќа, никој не е повреден, освен можеби гордоста на возачот.
Автомобилот „Ferrari 488 GTB“ произведен во 2017 година бил купен во блискиот салон на „Baytree Cars“ во Дерби, Велика Британија и првиот сопственик со него поминал само 21.565 километри.
Derby. 1st April. Driver bought a Ferrari this morning and crashed it after driving it less than 2 miles. No injuries. #DriveToArrive pic.twitter.com/X4IMuflPa5
— Derbyshire Roads Policing Unit (@DerbyshireRPU) April 1, 2022
Се чини дека новиот сопственик не бил свесен за моќта на оваа машина. За среќа, тој не достигнал брзината од 330км/ч. Но, со оглед на тоа дека на фотографиите автомобилот е свртен на погрешна страна од коловозот, се чини дека возачот малку премногу ја притиснал педалата за гас.
Во несреќата се оштетени предниот браник, хаубата и фаровите. Се чини дека штетата може да се поправи, но како нов сопственик на суперавтомобил, возачот веројатно се надевал дека првите неколку месеци ќе плаќа само на бензински пумпи, а не на сервис…


