Каква форма на стапало имате? Откријте каков ви е карактерот!

profimedia

До денес се препознаени пет форми на стапалата и секоја е поврзана со одредени карактеристики, одреден тип на личност и специфичен модел на обувки.  Какво стапало имате вие?

Грчко стапало

Овој конкретен облик на стапало го носи своето име од тенденцијата на античките Грци да создаваат статуи и скулптури чии стапала го добиваат следниов изглед: вториот прст има јасно поголема должина од палецот, а преостанатите прсти постепено се намалуваат во должината последователно до малиот прст, најмал од целото стапало.

Првиот кој официјално ја препознал оваа конкретна структура на стапалото бил ортопедскиот хирург Дадли J. Мортон и во негова чест овој најдолг прст бил преименуван во „прстот на Мортон“.

Во Античка Грција, овој облик бил синоним за елеганција и префинетост и неговата репутација не се променила со текот на времето. Токму поради оваа причина, покрај тоа што го добило прекарот „пламен“, грчкото стапало е признато и како „нога на модел“.

Личност: ако се препознаете во овој опис, тоа значи дека сте во 20 до 30% од светската популација на чии нозе се издвојува долгиот прст до палецот на стапалото. Ова е детаљ што не треба да се потценува бидејќи открива значајни индиции за вашата личност. Луѓето со „грчки нозе“ го сакаат животот и се воодушевени од сè што прават. Не е ни чудо што тоа е најчестата форма на стапало меѓу спортистите и уметниците.
Тип на чевли: што се однесува до обувките, не грижете се, вашето стапало е среќно! Грчкото стапало лесно се прилагодува на секој чевел, без посебни потреби. Високи потпетици, сандали, флип апостолки: можете да носите што сакате, важно е во обувките да се чувствувате пријатно!
Ѕвезда позната по грчкото стапало е инфлуенсерката и дигитална претприемачка Кјара Ферањи.

Римско стапало

Клучниот збор за да се опише римското стапало е несомнено пропорцијата. Тоа е, всушност, стапало со особено регуларна форма, на кое палецот на прстот е со иста должина со вториот и третиот прст, додека четвртиот и петтиот прст се пократки. Наречено е „римско“ затоа што во славните статуи на големите ликови на античките римјани се забележува овој посебен облик на стапала. Римското стапало е познато и како квадратно стапало. Помалку позната, но подеднакво интересна споредба е онаа на „стапалото на земјоделец“.

Личност: римското стапало означува интересна, самоуверена и убедлива личност. Надарен со изразена ораторска способност, секој што ја препознава оваа форма на стапалото на своите нозе, ги извршува своите цели со голема издржливост и се истакнува по карактеристики како што се дружељубивоста и сочувствителноста.
Тип на чевли: римското стапало нема иста слобода на избор на чевли како грчкото. Всушност, ќе мора да се ограничи на обувки чии карактеристики задоволуваат одреден степен на удобност. Кажете им збогум на потпетиците и чевлите со шпиц, односно стеснети на врвот, а одлучете се за отворени сандали. Овој тип на стапало, поради неговата форма, бара голема слобода во чевелот, инаку, со текот на времето, веројатноста за развој на халукс валгус се зголемува.
Дали отсекогаш сте сонувале да изгледате како Скарлет Јохансон, дури и барем малку? Ако и вие, како неа, сте родени со римско стапало, конечно може да кажете дека ви се исполнила желбата!

Египетско стапало

Египетското стапало не е тешко да се препознае бидејќи е најраспространета форма меѓу светската популација. Тоа е конструкција во која палецот на ногата се издвојува во должина, додека другите прсти постепено се намалуваат, формирајќи агол од 45 °.

Личност: лицето кое има египетско стапало се одликува со енигматски карактер и станува збор за резервирана личност, не сака да се отвора пред другите и има тенденција да крие повеќе од една тајна. Не е изненадувачки што, поради овие карактеристики, египетското стапало е познато и како стапало на осамениот.
Тип на чевли: прстот што треба да се заштити во египетското стапало е секако големиот палец, бидејќи е најдолг прст. Ако ја препознаете оваа форма на нозе кај вас, избегнувајте носење чевли со затворени и тесни прсти, бидејќи ризикувате да добиете пликови на палецот и вториот прст,  правејќи го одењето прилично болно. Наместо тоа, изберете чевли со заоблен врв или отворени прсти, кои гарантираат добра циркулација на крвта и простор за движење на прстите.
Ѕвезда позната по египетското стапало? Неповторливата Џулија Робертс!

Германско стапало

Со набудување на германското стапало, ќе може да се препознае голем палец на ногата подолг од другите прсти кои пак имаат речиси хомогена должина и позаоблена форма.

Личност: Ако имате германско стапало, сигурно се истакнувате по својата особено рационалнаст и аналитични сте. Не сакате мечтаење, туку се соочувате со реалноста таква каква што е. Со главата не сте во облаците, туку со двете нозе сте црвсто на земја. Поради овие ваши карактеристики, не ги сакате промените и неочекуваните настани.
Тип на чевли: Бидејќи е карактеристично по одредена регуларност, германското стапало нема посебни потреби во однос на обувките. Како и секогаш, од суштинско значење е да се преферираат чевли што прават да се чувствувате пријатно и кои ќе ви овозможат да се движите во целосна слобода и удобност.
Џенифер Анистон има ваков тип на стапало.

Келтско стапало

Келтското стапало ги има следниве карактеристики: како и кај грчкото стапало, најдолгиот прст на ногата е несомнено вториот, додека палецот и третиот прст имаат иста должина.

Личност: келтското стапало означува импулсивна, креативна и жива личност. Виталната енергија и ентузијазмот на овој тип на личност се такви што секогаш можат да ги вклучуваат другите во забавни авантури и необични активности. Дополнително, ако ја препознаете оваа структура на стапало на нозете на вашиот партнер, не мора да се грижите – се знае дека нивната лојалност е беспрекорна!

Тип на чевли: бидејќи должината на прстите на келтското стапало е непрепорционална, се препорачува да изберете пошироки заоблени чевли, патики со „меки прсти“ и обувки кои воопшто не стеснуваат на врвот. За поформални прилики или во лето, фокусирајте се на елегантни чевли или сандали со отворени прсти.
За да ја задоволиме вашата љубопитност кој меѓу ѕвездите има ваков тип на стапало, веднаш ви откриваме – извонредната Ејми Адамс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот