Каква е врската помеѓу црната мачка и несреќата?

– Ако на некого му претрча црна мачка на патот, тоа значи дека сигурно ќе го снајде несреќа.

Ова верување не се однесува на современото, туку на старото суеверие.
Сепак и денес е исто толку многу раширено како и некогаш.

Радфорд во Енциклопедија на суеверијата опишува како настанало ова суеверие, кое влече корени уште од Англија, чиј тогашен владетел бил Чарлс Први.

Тој од страв да не го изгуби својот миленик, една црна мачка, наредел таа да биде чувана од страна на посебна стража.

Денот кога мачката на владетелот се разболела и починала, бил денот кога сè тргнало наопаку за него, тој бил уапсен и ја изгубил својата власт.

Веројатно поради тоа случување и настанале легендите за мистичните моќи на црните мачки.

Овие животни најчесто биле чувани на бродовите за да ги „држат во ред“ глувците, но наскоро почнало да се верува дека тие исто така влијаат и на судбината на бродот, аналогно на онаа која ја имал кралот Чарлс Први – доколку некој фрли мачка преку оградата на бродот или пак ако таа сама падне во морето, тоа значело дека бродот ќе заврши на дното од морето. Набрзо и морнарите почнале да си ја предвидуваат својата судбина според односот на мачката. 

Кога мачката на пример ќе му пријдела на некој од нив, тоа значело дека ќе го следи среќа, а доколку дошла до пола пат и се вратела, тоа било лош знак.

Ова верување се преземало од морнарите и нивните семејства, па во секоја куќа каде што живеел барем еден морнар, чувале црна мачка.

Се верувало дека таа го „чувала домот“ од несреќа, која можела да му се случи на морепловецот додека бил на море.

Ова верување стигнало до тој степен што црните мачки се сметале за вистинска скапоценост, па се случувало тие да бидат и причина за кражба.

Понатамошниот развој на ова верување се претворил во таа верзија што и денес важи кај повеќето народи, па и кај нас.

Дента кога морнарот се подготвувал за пат, семејството гледало каква среќа ќе му предвиди црната мачка, бидејќи сметале дека таа може да претчувствува што го очекува.

Ако тргнела од него кон вратата, покажувајќи му го симболично патот, тоа било добар знак и значело дека е безгрижен. Но доколку му го пресечела патот, тоа значело дека не е препорачливо да тргне на пат, бидејќи го очекува несреќа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот