Како славните писатели ги избрале своите псевдоними и кои биле нивните причини за тоа

unsplash

Кога ќе сретнеме некој певдоним, веднаш знаеме кој писател стои зад него. Повеќето вљубеници во книжевноста знаат дека Марк Твен е псевдоним на Самуел Ленгхорн Клеменс. Или дека Ричард Бахман е псевдоним што го користел Стивен Кинг кој му беше и инспирација за романот „The Dark Half“.

Еве неколку интересни приказни за тоа како славни писатели ги избрале своите псевдоними

Луис Керол / Profimedia

Луис Керол

Иако Луис Керол звучи магично британски, Чарлс Латвиџ Доџсон звучи уште побритански. Доџсон го усвоил својот псевдоним во 1856 година. Луис Керол со потекло од Северна Америка бил многу скромен и навистина едноставно сакал да го зачува својот приватен живот. Кога пристигале писма адресирани до Керол во канцеларијата на Доџсон во Оксфорд, тој ги враќал назад со цел да ја задржи анонимноста.  Доџсон го создал псевдонимот со латинизирање на Чарлс Латвиџ во Каролус Лудовикус а потоа слободно преминал во Керол Луис. Неговиот издавач го избрал овој псевдоним од списокот со неколку можни имиња.

Џозеф Конрад / Profimedia

Џозеф Конрад

Џозев Теодор Конрад Корзењовски се изговара малку потешко и кога романсиерот со полско потекло започнал да ги објавува своите дела кон крајот на 1800-тите години, постојано користел англиска верзија од своето име одонсно Џозев Конрад. Поради тоа, бил критикуван од полските интелектуалци кои сметале дека со тоа само покажува непочитување кон својата татковина и културно наследство. А тоа што станал британски државјанин и објавувал на англиски јазик воопшто не му помогнало во осудата што постојано ја добивал. Па тој објаснил:

„Добро е познато дека сум Полјак и дека Џозеф Конрад се моите две крстени имиња, од кои второто го користам како презиме за странците да не ми го изобличат моето вистинско презиме… Не мислам дека не сум верен на мојата земја затоа што им докажав на Англичаните дека господин од Украина (тој бил етнички Полјак роден на поранешна полска територија контролирана од Украина, а подоцна и од Руската империја) може да биде исто толку добар морнар како што се тие и дека има нешто да им каже на нивниот јазик.“

Пабло Неруда / Фото: Принтскрин/ Instagram

Пабло Неруда

Рикардо Елиецер Нефтали Рејес Басоалто се интересирал за литературата уште од рана возраст, но неговиот татко се спротивставувал на тоа. Кога Босоалто започнал да ја објавува својата поезија, му требало авторско име што нема да го налути неговиот татко. Така и го избрал името Пабло Неруда, како знак на почин кон чешкиот поет Јан Неруда. Басоалто подоцна го прифатил псевдонимот како свое законско име.

Стен Ли /Фото: Принтскрин/Instagram

Стен Ли

Стенли Мартин Либер својата кариера ја започнал како сценарист за стрипови, но се надевал дека еден ден ќе добие посериозен литературен ангажман за кој сакал да го задржи своето вистинско име. Под стриповите се потпишувал со името Стен Ли, а подоцна го усвоил и како легално име бидејќи станал светски славен како сценарист за стрипови.

Волтер /Фото: Profimedia

Волтер

Кога Франсоа Мари Аруе бил заробен во Бастилија во раните 1700-ти, тој напишал драма. За да го одбележи својот прекин со минатото, го потпишал делото под псевдонимот Волтер. Името, како што објасниле од „Volter Foundation“ потекнувало од „Аrue“. Го земал презимето и иницијалите „le jeune – „Arouet- l – (e) – j – (eune)“ и направил свој анаграм. Доколку сте збунети фондацијата помага со објаснувањето дека буквите „l“ и „ј“, и „u“ и „v“ биле типографски заменливи во времето на Волтер.

Џорџ Орвел / Фото: Принтскрин/Instagram

Џорџ Орвел

Додека Ерик Артур Блер се подготвувал да ја објави својата прва книга „ Down and out in Paris and London“ решил да употреби псевдоним за да не го посрамоти своето семејство поради неговата сиромаштија во тоа време. Според „Orwell Foundation“ Орвел било мешавина од имињата на владејачкиот монарх, кралот Џорџ VI и некоја локална река во Велика Британија.

Џ. К. Роулинг / Фото: Принтскрин/ Instagram

Џ. К. Роулинг

Издавачите на Анван Роулинг не биле сигурни дали целата публика на „Хари Потер“ ќе чита ваков вид на приказни напишани од жена, па затоа ја замолиле да користи иницијали наместо целото име во книгата. Меѓутоа, Роулинг немала средно име и морала да го позјами од нејзината баба Кејтлин за да го добие псевдонимот Џ. К. Роулинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот