Како најлесно да ги дезинфицирате торбите за пазарување

profimedia

Поради тоа што во една таква торба, речиси секојдневно се пренесуваат голем број намирници од животинско потекло како и оние од растително потекло, овие торби, важат за места во кои се сконцентрирани голем број на бактерии.

Речиси во секој дом има барем по една торба за пазарување. Овие торби, покрај тоа што се практични тие помагаат и во зачувување на животната средина бидејќи со нивно користење, употребата на најлонски ќеси ја сведуваме на минимум. Сепак, поради тоа што во една таква торба за пазарење, речиси секојдневно се пренесуваат голем број намирници од животинско потекло како што е на пример месо, но и од растително потекло како на пример зелка, домати а во овој период од годината и млад лук и кромид кои  се продаваат со корења и земја, овие торби, важат за места во кои се сконсцентрирани голем број на бактерии.

Токму затоа, за да си го зачуваме сопственото но и здравјето на членовите на  семејството, истите мораат редовно да се перат но и да се дезинфицираат.

Доколку редовно не се дезинфицираат тие се извор на бактерии

За да однесеме дома,  безбедна и бактериолошки исправна храна која претходно додека сме пазареле сме ја складирале во платнени торби за купување поради полесен транспорт, во тој случај задолжително и тоа на дневна основа, мора да внимаваме на нивната  хигиена. Тоа е така бидејќи освен најразлични продукти, ваквите торби за пазарење, честопати, додека трае пазарењето се ставаат во количките за пазарење кои се наоѓаат во маркетите. Количките за пазарење самите по себе, поради огромниот број на луѓе кои секојдневно ги користат се извор на бактерии кои можат да го загрозат здравето на секој од нас. Меѓу другото, честопати во количките за пазарење се превезувааат и децата, додека нивните родители купуваат….

Токуму затоа, запомнете, овие торби мораат да се дезинфицираат и тоа секојдневно.

Како да се чистат памучните торби

Доколку во вашето секојдневно купување, користите памучна торба, во тој случај, за неа добро да ја исчистите, потребно е најпрвин убаво да ја истресете и на тој начин да проверите дали во неа има одредени остатоци од храна. Потоа ставете ја да се пере во машина за перење алишта и тоа на највисока температура заедно со кујнските крпи. Секогаш кога можете избегнувајте во машината за перење да додадавате одредени избелувачи или други хемикалии кои се наменети за дезинфицирање на ткаенини бидејќи на тој начин ризикувате да ги уништите памучните влакна.

Како да ги исчистите најлонските кеси за повеќекратна употреба?

Доколку во својот дом наместо текстилни преферирате да користите најлонски кеси за повеќекратна употреба, се разбира потребно е и нив редовно да ги чистите, се со цел да си го зачувате сопственото здравје. За нивно чистење, се што треба да направите е да изводените една памучна крпа, да и ставите малку сапун и убаво да ја исчистите кесата за пазарење. На крај доволно е само да исплакнете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот