-2 C
Скопје

Како нацистичката руина на Хитлер стана луксузно одмаралиште кое привлекува голем број туристи

Три години пред Германија да ја нападне Полска во 1939 година, Адолф Хитлер добил идјеа за изградба на најголемото туристичко одмаралиште во светот, сместено на брегот на островот Риген. За денес, „Прора“ од нацистички руини да стане луксузно летувалиште кое привлекува голем број туристи.

Монументалното летувалиште на Хитлер е сместено на брегот на Балтичкото море. Било замислено да собере повеќе од 20.000 гости истовремено. „Прора“ (како што било наречено одмаралиштето) требало да биде место за одмор на германското население, особено на работниците во фабриките кои тој период работеле без прекин.

Instagram
Instagram

Според историчарот и туристички водич Роџер Мурхаус, примарната идеја на Адолф Хитлер била со овој гест да го привлече германскиот нарот на своја страна.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ воодушевени од нејзиниот танц: Водителката на „Sвездите на Гранд“ ја освои публиката

Но, скриената идеја позади овој комплекс била да се контролира слободното време на германското население. Сите 10.000 соби имаат поглед на море, што ја објаснува огромната должина на самата конструкција. Сепак, ниту еден турист немал можност да летува во приморското одмаралиште.

youtube
Принтскрин / Youtube

Таа замисла никогаш не се реализирала затоа што изградбата на одмаралиштето „Прора“ била запрена уште по почетокот на Втората светска војна и комплексот никогаш не бил завршен.

Но, во 2013 година, германската компанија за недвижнини „Метропол Маркетинг“ видела потенцијал во овие рушевини и ги откупила правата за обнова на „Прора“  остварувајќи ја примарната идеја за изградба на луксузен резорт.

Instagram
Instagram

Комапнијата „Metropole Marketing“ решила да го реновира комплексот и така во 2018 година „Прора“ официјално ги отвори вратите за туристите од целиот свет.

Прочитајте и...  ФОТО: Брендот „Гучи“ им „објави војна“ на плагијаторите

Новиот комплекс покрај тоа што располага со 10.000 хотелски соби, вклучува и луксузни продавници и ресторани.

Па оттука се поставува прашањето, дали историската позадина на овој објект ќе ги спречи туристите или токму тоа ќе ги привлече?

Поврзани вести

ВИДЕО: Американски хирург учествувал на судење преку видео врска паралено додека оперирал

Слободен печат

ВИДЕО | Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ воодушевени од нејзиниот танц: Водителката на „Sвездите на Гранд“ ја освои публиката

Слободен печат

ВИДЕО | Погледнете како супер – јахта од 75 милиони евра руши дел од марина на Карибите: За сè е виновен компјутерскиот систем

Слободен печат

ВИДЕО | Извонредно откритие: Археолозите пронајдоа церемонијална кочија во близина на Помпеја

Слободен печат

Највисокиот коефициент на интелегенција не е измерен ниту кај Илон Маск или Стив Џобс туку кај жена по име Мерилин

Слободен печат

ФОТО | Миа Костова брутално искрена: Ролката ми е од Зара, а сакото од Бит пазар – Стил имаш или немаш, Шанел не те спасува

СП.

Остави Коментар