Како изгледа патувањето со авион во услови на пандемија на ковид-19?

Profimedia

Најголемите европски авиокомпании започнаа да превезуваат патници низ цела Европа, во ограничен обем. Имајќи го предвид фактот што границите на некои земји се затворени, летовите се ограничени. Основниот план на сите аеродроми во светот, е намерата да ги убедат патниците во безбедноста на летот – воздушен превоз без ризик од инфекција со коронавирусот.

Profimedia

Започнаа резервациите во популарните европски туристички дестинации како Шпанија, Грција, Италија, Португалија кои сега се отворени за туристи, пред се за земјите од Европската унија.

Profimedia

Авиокомпаниите првенствено се обидуваат да влијаат на патниците со информациите на интернет, а маските се задолжителни насекаде. Постои видлива социјална дистанца на аеродромите, на која Ве потсетуваат во секое време вработените. Сите обврски се поедноставени и скратени на минимум, со цел да се задржат патниците што е можно пократко. Билетите се уште се поскапи од вообичаено.

Кога се качувате во авионот безбедносните мерки стануваат посложени – маските разбирливо се задолжителни, но оддалечувањето е невозможно. Имајќи предвид дека летовите се намалени и редовните рути не функционираат, со што побарувачката е голема –  авионите се полни со патници. Ова придонесува сите места да  бидат исполнети, иако претходно беше објавено дека средните седишта ќе бидат празни.

Додека патниците изразуваат загриженост, вработените дистрибуираат средства за дезинфекција и марамчиња, при што сите присутни можат да вршат основна хигиена.

Profimedia

Секој авион е опремен со најсовремени филтри за воздух и циркулацијата на вирусот е сведена на минимум. Но, потребно е патниците генерално да не зборуваат, бидејќи така нема да придонесат за можна инфекција со ширење капки во кабината. Сепак е тешко е да се земе пијалак или храна со маската, а уште потешко е да се помине долг временски период во тесна кабина на авионот.

Доколку авионот е полн, впечатокот на исчекување да мине летот е присутен кај сите патници.

Во контекст на иднината на воздушните патувања, патниците ќе мора да се прилагодат на новите правила заради личната безбедност и здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот