Како Ѓоковиќ ги троши парите од доминацијата на тениските терени: Луксузни куќи, апартмани….

Фото:EPA/CHRISTOPHE KARABA

Новак Ѓоковиќ вчера со голем пресврт во финалето го победи Стефанос Циципас и триумфира на Ролан Гарос и повторно се најде во позиција да го брка златниот слем, односно победа на сите четири грен слем турнири во една година. Пред него се уште два грен слем турнири, Вимблдон и УС Опен каде ќе го има епитетот на главен фаворит.

Со триумфот во Париз, Ѓоковиќ го „зголеми“ банкарското конто и се наоѓа блиску до магичната бројка од заработка од 150 милиони долари само од награди на турнирите. Исто така, Ѓоковиќ заработува големи суми на пари и од спонзорите, според „Форбс“ таа бројка изнесува 32 милиони долари, со што Новак е еден од најдоброплатените спортисти на светот.

Најдобриот светски тенисер иако може да има се што ќе посака, тој не се расфрла со парите, но има една работа на која е „слаб“, тоа се недвижнините за кои во последните години потроши поголема сума на пари.

За луксузната вила во Марбеља, Ѓоковиќ издвои 10 милиони евра. Кој вилата во Марбеља ја купи кон крајот на минатата година и според шпанските медиуми, таа стана негов главен дом откако реши се помалку време да поминува во Монте Карло.

За становите во Монте Карло, Мајами, Њујорк, Тиват, Новак Ѓоковиќ плати околу 20 милиони евра.
Станот во Монте Карло се наоѓа на една од најпрестижните локации, а соседи му се Луис хамилтон и Каролина Вознијацки. Цените за двосовен стан каков што има Новак, изнесуваат околу шест милиони евра.

Српскиот тенисер за сума од пет милиони евра купи два стана во Њујорк како и уште еден во елитната населба „87 park“ за шест милиони евра. Во Тиват поседува апартман во Порто Монтенегро вреден 2.2 милиони евра, додека во Белград купи пентхаус за сума од половина милион евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот