Како фудбалските ѕвезди го поминуваат летниот одмор? (ФОТО)
Така, на пример младиот холандски фудбалер на Ајакс, Матијс де Лихт со неговата девојка Анеки Моленар уживаат во својот одмор на рајска дестинација која не открија.
Потоа, шпанскиот менаџер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола од фудбалот паузира играјќи голф на Коста Брава.
Францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе е во САД, уживаше во финалето од НБА лигата, додека Хрватот Иван Ракитиќ заедно со семејството, одморот го пронајде во пустина.
Играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио со брат му игра тенис, а исто како Гвардиола, и Герет Бејл ужува во голфот.
Диего Коста секогаш знаел на еден занимлив начин да ги поминува слободните денови, еве погледнете:
Other footballers:
Relaxing Summer vacation to recover.Meanwhile Diego Costa: https://t.co/FUlskvhqbT
— Football Stuff (@FootbalIStuff) June 14, 2019
Словенечкиот голман Јан Облак одлучи одморот да го помине во својата земја, поточно во Крањска Гора.
Фудбалерите навистина уживаат…