Како да воведете дисциплина без да ги казнувате децата?

Кога родителите мислат на дисциплинирање на своите деца, тоа си го преведуваат во казнување. Но, казнувањето си има своја цена. Тоа прави децата да се чувствуваат лошо и поради тоа не е премногу ефективен метод на воведување дисциплина во нивното однесување. За среќа има методи кои не вклучуваат казнување, а даваат добри резултати при подобрувањето на однесувањето кај децата. Д-р Сузан Хејтлер нуди четири методи преку кои ќе ја остварите таа цел.

1. Превенирајте го негативното однесување

Ако го превенирате негативното однесување, нема ни да има потреба од дисциплинирање. Децата почнуваат да прават проблеми од две причини: ако се гладни или ако им е здодевно. Давајте им да каснат по нешто на неколку часа и овозможувајте им активности кои ќе ги држат во позитивно расположение. Добар начин за тоа е да создадете рутина. На пример, само еднаш викнете ги да дојдат да ручаат и ветете им десерт ако дојдат веднаш после првиот повик. Ако претходно сте се расправале за тоа кога да јадете, сега тие ќе престанат да се расправаат со вас за тоа.

2. Одвлечете му го вниманието

Кога детето прави нешто што не треба да го прави, како на пример играње со некој кршлив предмет додека сте на гости, немојте веднаш да викате по него. Наместо тоа, обидете се да му го насочите вниманието кон нешто друго при што однесувањето нема да му биде проблематично.

3. Објаснувајте му и насочувајте го

Објаснете им каде згрешиле и што треба да направат наместо тоа. Сторете го тоа кратко и јасно. На пример: „Дома не се игра со топка. Топките се за играње надвор“. Или: „Сестрите не се удираат, тие се за да си играш со нив“. Кажете им што треба да направат, затоа што многу ќе ги збуните и налутите ако им забраните нешто, а не ги насочите како понатаму.

4. Пофалете ги кога се однесуваат убаво

Секогаш кога ќе направат нешто убаво и паметно, пофалете ги за тоа. Ако се фокусирате на тоа, тие ќе ви возвратат со добро однесување. Децата сакаат да бидат пофалени одново и одново.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот