Како да научивме еден систем за справување со вирусот, вели д-р Мехмедовиќ

Фото: ТВ21/принтскрин

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваа инфектологот д-р Фадил Цана и портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

Мехмедовиќ вели дека не само кај нас, туку и во светот, контролата врз епидемијата е таква каква што ќе ја наметнеме, односно согласно препораките од стручни лица.

„Некако како да научивме еден систем за справување со вирусот. Веројатно дека овие мали промени кои се случуваат во насока на тоа како може да се контролира подобро“, додава Мехмедовиќ.

Според Цана, факт е дека омикронот „нѐ најде во една состојба која ние ја наследивме“.

„Сите сме свесни за транзицијата во Министерството за здравство и мислам дека омикронот не најде баш во тој момент, и некако како да ја доби таа битка. Омикронот е секаде присутен, мораме да бидеме самокритични и да признаеме дека е широко распостранет“, додава Цана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот