Кајли Миног летува во Хрватска: Купува сирење и тартуфи од мештаните

Profimedia
Фото: Профимедиа

Австралиската поп-ѕвезда Кајли Миног (54) летува во Хрватска. Популарната пејачка летува со своето друштво во околината на Ровињ во вила со пет ѕвезди од 700 метри квадратни, објави „РТЛ Данас“, а нивните камери ја фатиле и додека во лежерно издание чекала достава на храна.

Кајли Миног наводно шета по улиците на градот, а попатнокупува  лубеница, сирење и тартуфи од локалното население, пишува „Нова.рс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Minogue (@kylieminogue)


Ова е прва посета на Кајли на Хрватска, а таа засега се прошетала низ градот и вечерала во ресторанот на еден хотел во Ровињ. Не се знае колку долго ќе остане и дали планира да продолжи со обиколката на хрватското крајбрежје.

Од одморот се јавила и на својот инстаграм-стори каде објавила фотографија од своето друштво како ужива во „Просеко“ со нејзиниот потпис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Minogue (@kylieminogue)

Според хрватскиот медиум, Миног, која го носи и прекарот „џепна Венера“ бидејќи е висока 1,52 метри, е многу симпатична, а ова е нејзино прва посета во Хрватска.

Друштво ѝ прават пријатели и музичари, па од куќата се слуша музика.

– Атмосферата кај неа е опуштена – велат тие.

И годинава бројни славни личности ја посетија Хрватска, каде уживаа во прекрасното море, клима и храна.

Кајли Миног искрено за „војната“ со Кајли Џенер: Пејачката ја победи милијардерката на суд

Среќна и вљубена: Кајли Миног тајно се сврши, а пријателката ја откри!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот