Кајли Миног искрено за „војната“ со Кајли Џенер: Пејачката ја победи милијардерката на суд

кајли миног
Кајли Миног и Кајли Џенер / Фото: EPA-EFE

Кајли Миног проговори за судскиот процес со најмладата милијардерка Кајли Џенерсето тоа поради името.

Кајли Миног е долги години на светската музичка сцена, а кога Кајли Џенер реши да го заштити името што го делат поради својот козметички бренд, на пејачката ѝ прелила чашата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Minogue (@kylieminogue)

Миног го освои случајот на суд, а пет години подоцна раскажа како изгледало сè и што мисли денес за Кајли Џенер која стана милијардерка благодарение на козметиката.

„Тоа беше само бизнис, очигледно. Видете, кога го добив името Кајли, мислам дека имаше само една личност постара од мене која го имаше истото име. Така што, името беше невообичаено“, рече таа, а потоа продолжи: „Цел живот го штитев и градев мојот бренд, тоа е нешто што морав да го направам. Но, морам да кажам, направивме договор“.

На прашањето дали морала да ѝ се јави на Крис Џенер поради се што се случува, пејачката накратко призна дека не го направила тоа, но дека би сакала да го запознае познатото семејство.

Кајли Џенер, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Да потсетиме, Кајли Џенер сакаше да го заштити своето име и да го искористи за рекламирање во 2014 година. Веднаш потоа, Кајли Миног поднесе тужба, тврдејќи дека тоа ќе доведе до забуна околу тоа што „продава и рекламира“.

Во 2016 година, пејачката поднесе уште една тужба во која се тврди дека продавала парфеми, облека и други производи што ги рекламирала под свое име и дека е сопственик на веб-страницата „Kylie.com“, која е создадена во август 1996 година, кога Џенер не била ни родила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот