Каевски: ВМРО-ДПМНЕ вети реконструкција на Универзална, но тоа не се случи

Пожар Универзална сала/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Повторно Универзална сала ќе биде гордост на Скопје, иако ВМРО-ДПМНЕ во кампањата за локалните избори на шест или седум страница ја ветија, но воопшто тоа не се случи, рече портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека проектот за реконструкција на Универзалната сала беше започнат од претходниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, но потоа беше стопиран со доаѓањето на градоначалничката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.

-Скопје се гуши во чад и никогаш не било понечисто од денес. Тоа е доказ како владее ВМРО-ДПМНЕ, а тие паушални обвинувања и обидот за ставање товар дека министерката или владата се виновни, скопјани знаат кој е виновен и кој го донесе Скопје во ваква ситуација – рече Каевски.

Тој додаде дека по преземањето на ингеренциите за реконструкција на Универзална сала веднаш е започнато со работа за скопјани повторно да ја имаат Универзална сала.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот