Кадиев: Не се докажа со ништо дека Јанева е наводно виновна

Бранителот на Катица Јанева, адвокатот Дељо Кадиев рече дека од изнесените материјални докази и од ПИ мерките, ништо не се потврди во поглед на обвинението на Катица Јанева.

– Иако не сме одбрана на Бојан Јовановски, недозволиво е да тврди сведокот и пријавител Орце Камчев дека вадел пари од неговата, од сметката на мајка му и сестра му за да му даде милион евра на Јовановски за да го спасел од „Империја“, а притоа обвинителот да не побара потврда, доказ од банките од кои наводно биле вадени големите суми, а кои биле подоцна претворени во евра. Не постои потврда за одземени предмети кај Катица Јанева. Не биле одземени пари. Како ги изброја обвинителството дека биле 50.000 евра? Кај виде банкноти од по 500 евра? А и да имало такво нешто, па дали е забрането дома да имате пари – рече Кадиев.

Адвокатката на обвинетата Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, во завршните зборови на одбраната во случајот „Рекет“ истакна дека се направиле многу пропусти кон лицето Орце Камчев додека тој бил во притвор. Таа тврди дека тој незаконски снимал и оти тие докази треба да бидат изземени при донесувањето на пресудата.

– Камчев снимал и додека се наоѓал во домашен притвор иако имал забрана за користење на средства за комуникација – истакна Фрчкоска.

Завршните зборови на Јанева и нејзините адвокати не ги слуша обвинителката Вилма Русковска која присуствува на рочиште за предметот за организаторите на „27 април“. Нејзе ја заменува обвинителката Сузана Мирческа-Кузмановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот