Јужниот ветер од Јадранот ја спаси Венеција од критичната плима

Градот е погоден од нов бран поплави, само неколку дена откако овој истриски град во Италија заради високиот водостој претрпе огромна материјална штета.

Потенцијално критичната плима од 159 сантиметри беше предвидена за вчера, но ја спречи јужниот ветер од Јадранот, пренесе Анса.

Нивото од 100 до 200 сантиметри над нивото на морето е честа појава во градот, но секоја вода над оваа граница претставува ризик за него.

Кон средината на ноември нивото на водата достигна 187 сантиметри, што беше најголемо измерено ниво во последниот половина век во Венеција.

Градоначалникот на Венеција изјави дека се оштетени куќи, продавници и историски споменици и дека штетата се проценува на околу милијарда долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот