Најмалку 42 лица загинаа во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 42 лица, вклучувајќи Малавијци и Зимбабвејци кои работат во Јужна Африка, загинаа кога патнички автобус излетал од патот, се превртел и паднал во насип во Јужна Африка, изјави денес локалниот министер за транспорт.

Несреќата се случила вчера на околу 90 километри од границата кога возачот на автобусот очигледно ја изгубил контролата врз возилото, кое се движело кон Зимбабве, изјави Виолет Матие, министерка за транспорт на североисточната покраина Лимпопо.

Спасувачките екипи „сè уште работат на местото на настанот, но досега е потврдена смртта на 40 лица“, изјави министерката за новинскиот канал „Њузрум Африка“. Меѓу жртвите е и 10-месечно девојче, рече таа.

Најмалку 38 лица се однесени во болница, а спасувачките екипи бараат повеќе жртви, изјави министерот за eNCA, онлајн новинска мрежа.

Автобусот доаѓал од градот Геберха, кој се наоѓа во Јужна Африка, на околу 1.500 километри од местото на несреќата.

Несреќата веројатно е предизвикана од замор на возачот или механички дефект, рече министерот.

Јужна Африка има софистицирана и прометна патна мрежа, со висока стапка на смртност од сообраќајни несреќи, главно поради прекумерна брзина, опасно возење и употреба на возила што не ги исполнуваат потребните прописи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот