Јувентус го дава Дибала на „попуст“
Јувентус одлучи во летниот преоден рок да се откаже од Пауло Дибала. Аргентинецот сезонава не се наигра, a тренерот Масимилијано Алегри повеќе верува во Федерико Бернардески.
Управата на „старата дама“ планира на лето да тргне во офанзива по потпис со Федерико Киеза од Фиорентина кој би бил новиот креатор на играта на Јувентус.
Препорачано
Според „Тутоспорт„, Алегри имал состанок со претседателот на Јувентус, Ањели на кој му соопштил дека повеќе нема да смета на услугите на Дибала и на Даглас Коста и дека може да бидат продадени на лето.
Сумата која Јувентус ја одреди за Дибала изнесува 80 милиони евра, сума која е далеку помала од очекуваното. Минатото лето, заинтересираните екипи требаше да издвојат најмалку 120 милиони евра, а Манчестер јунајтед и ПСЖ беа подготвени да платат дури 140 милиони евра.
Интерес за Пауло Дибала досега пројавија Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челси, ПСЖ, Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен, екипи кои без проблем можат да издвојат 80 милиони евра.
Со парите од продажбата на Дивала и на Даглас Коста, Јувентус планира, покрај Киеза, да ги ангажира уште и Пол Погба од Манчестер јунајтед и бекот на Бенфика, Рубен Дијас.


