Јутјуб ѕвездата Џејмс Чарлс повторно обвинет за испраќање несоодветнa содржина со сексуална конотација на малолетници

Instagram

Јутјуберот и шминкер Џејмс Чарлс повторно се најде во скандал откако неколку малолетници го обвинија за сексуално вознемирување преку испраќање пораки и фотографии со сексуална содржина. Тој сними видео во кое ја раскажа својата страна од приказната.

Тие разговори никогаш не требаше да се случат. Точка“, рече во видеото популарниот Чарлс.

Познатиот јутјубер призна дека испраќал пораки со сексуална содржина на двајца 16-годишници, што е само уште еден од низата скандали и обвинувања со кои се соочува изминатите години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Charles (@jamescharles)

Нема изговор и јас ја преземам целата одговорност за тоа што се случи“, додаде Чарлс.

Верував на информациите што ги добив, наместо да ги проверам. Во двете ситуации, со кратко пребарување на нивните јавни профили на социјалните мрежи би ја открил нивната вистинска возраст и тие разговори не би се случиле воопшто. Но, јас не ги проверив информациите што ми ги дадоа и затоа целата ситуација е многу непријатна. Како возрасна личност, требаше да го проверам ова и затоа никој освен мене не е виновен за сè што се случи“, објасни тој во своето обраќање на „Јутјуб“.

На момците сакам да им кажам дека ми е жал што ги додадов, што флертував со нив и многу ми е жал ако некогаш се чувствувале непријатно поради мене“, рече тој.

Во мај 2019 година, инфлуенсерот Гејџ Гомез, кој во тоа време имал 20 години, го обвини Чарлс дека го довел во „сексуални ситуации“, иако му рекол дека не го привлекуваат мажи. Наскоро Чарлс одговори на обвинувањата преку својот твитер-профил велејќи дека тој и Гомез разговарале пет месеци пред наводниот инцидент тврдејќи дека сè е консензуално, пишува списанието „Vulture“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Charles (@jamescharles)

Во февруари, 16-годишно момче тврдеше дека Чарлс го вознемирувал и го убедувал да споделува сексуални фотографии преку апликацијата „Снепчет“. Чарлс се изјасни против обвинувањата тврдејќи дека во моментот на интеракција не бил свесен дека момчето е малолетно.

Потоа се појавија уште неколку случаи во кои се тврдеше дека познатиот јутјубер и шминкер вознемирувал малолетници…

Едно 17-годишно момче сподели дел од разговорите во кои се наведува дека Чарлс продолжил да флертува со него преку социјалната мрежа „Инстаграм“ дури и откако ги дознал неговите години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Charles (@jamescharles)

И маж чија возраст не е позната го сподели својот негативен, сексуално мотивиран разговор со Чарлс.

Минатиот месец, 15-годишен тинејџер на социјалната мрежа „ТикТок“ сподели дел од разговори и фотографии што ги разменил со познатиот шминкер. Откако момчето го сподели ова тој тврдеше дека Чарлс го блокирал и го обвинил дека лаже за неговата возраст иако, како што вели, Чарлс секогаш бил свесен дека се допишува со малолетник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот