Јунајтед: Светски рекорд и 150 милиони за двајца дефанзивци!?

EPA-EFE/PETER POWELL

Веќе е познато дека Јунајтед го ангажираше Даниел Џејмс, потег кој не ги импресионираше многу навивачите на клубот од „Одл Трафорд“.

Солксјер планира за 150 милиони евра да купи двајца нови одбранбени играчи, испратена е понуда за Ван-Бисака од Палас, сумата не се спомнува, но се вреднува играчот на 60 милиони евра.

EPA-EFE/RUI VIEIRA

„Мета“ останува Кулибали кој сака да си замине од Наполи, но не добива „слобода“ од Де Лаурентис кој бара 15 милиони колку што изнесува клаузулата (стапува на сила наредното лето).

Свесни и за интересот на Јуве, освен ако не се придружи Сари, па „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да ја подобрат понудата и бидеме евентуално сведоци на нов светски рекорд за дефанзивци.

Вест Хем нема намера да го пушти Деклан Рајс, па Јунајтед ќе се сврти кон Дајер од Тотенхем. Тој би можел да биде замена за Матиќ, а може да игра и во делот на одбраната.

EPA-EFE/PETER POWELL

Лингард ќе добие нов договор, се обидува клубот да се ослободи од неколку играчи, Рохо е на продажба, а посебна е приказната за Алексис Санчез.

Се надеваат дека би можел Чилеанецот да замине барем на позајмица во Атлетико или се врати во Италија, со цел да заштедат од неговата огромна плата.

Бејл на „Олд Трафорд“, но само на позајмица!?

Манчестер Јунајтед се обидува да го ангажира Герет Бејл, но нема намера да одвои 84 милиони евра колку што бара Реал.

Јунајтед има намера да го доведе велшкиот фудбалер од мадридскиот гигант само на позајмица на „Олд Трафорд“ и тоа на две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот