Јунајтед се подготвува за зимскиот преоден рок, Солскјер продава седум играчи за да донесе само еден

Оле Гунар Солскјер свесен дека во тренерската работа се бројат само резултатите/Манчестер, Англија, 19 септември 2021/EPA-EFE/Phil Noble

Манчестер јунајтед денеска го очекува тежок натпревар против Вест Хем во Премиер лигата, но навивачите и англиската јавност сè уште се занимаваат со поразот од Јанг Бојс на стартот од Лигата на шампионите.

Впечатокот е дека играчите „полетаа“ во облаци по доаѓањето на Критијано Роналдо и лесната победа над Њукасл додека натпреварот со Јанг Бојс беше соочување со вистината.
Иако е рано за носење некакви заклучоци, повеќе е јасно е дека менаџерот Оле Гунар Солскјер подготвува чистка во соблекувалната и планира уште во јануари идната година да се одлободи од дури седум фудбалери.

На листата на отстрел се наоѓаат Фил Џонс, Ерик Баји, Диого Дало, Алекс Телеш, Ентони Марсијал, Џеси Лингард и Дони ван де Бек.

Во Јунајтед се свесни дека во зимскиот преден рок тешко се прават големи трансфери но Солскјер во договор со управата на Јунајтед планираат да се ослободат од седуммината и заработената сума да ја инвестираат во еден играч, Деклан Рајс.

Солскјер е подготвен во трансферот на Рајс покрај одредена сума на пари да го вметне и Лингард, но голем проблем претставува барањето на Вест Хем кој го проценува Рајс на дури 100 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот