Јунајтед проблемите во нападот ги решава со Депај и Ентони
Управата на Манчестер Јунајтед во финишот од летниот преоден рок се обидува да го засили нападот и за таа цел е подготвен да издвои 110 милиони евра.
Препорачано
Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг инсистира од управата да го донесе Бразилецот Ентони од Ајакс. Тен Хаг одлично ги знае квалитетите на Ентони бидејќи до минатата сезона му беше тренер во Ајакс.
Сепак, проблем во реализација на трансферот прави управата ја Ајакс која ја одби последната понуда на Манчестер јунајтед од 85 милиони евра и бара најмалку уште 10 милиони повеќе. Се очекува до четврток идната недела, до кога трае преодниот рок, да дојде до договор и Бразилецот да се пресели на „Олд трафорд“.
Втората мета на Тен Хаг е Мемфис Депај за кого „црвените ѓаволи“ според новинарот Жерар Ромеро, испратиле понуда од 10 милиони евра. Депај нема ништо против заминување од Барселона бидејќи со доаѓањето на Роберт Левандовски и опоравувањето од повредата на Ансу Фати, го загуби местото во првиот тим.
Депај беше пред потпис со Јувентус, но во последен момент преговорите пропаднаа бидејќи Холанѓанецот побара преголема плата.
Јунајтед нема проблеми да ги исполни барањата на Депај кој би требало да претставува замена за Кристијано Роналдо за кого се очекува да си замине.


