Јубилејно 10-то издание на „Авицена женска трка”

Авицена женска трка по 10-ти пат/Фото: МИА

Во организација на Сојуз на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, денеска ќе се одржи јубилејното 10-то издание на „Авицена женската трка”, која е единствената масовна, манифестација посветена исклучиво на жените, а има за цел промовирање на здравите навики и физичката активност.

Покрај одбележувањето на важноста на физичката активност, особено трчањето и пешачењето, како примарна превенција за здравјето на женската популација, оваа рекреативна атлетска трка, која е дел од трките на „Виз Ер Скопски Маратон”, има за цел и да ја промовира заштитата на животната средина.

Стартот и целта на трката, ќе биде паркингот на Градскиот парк во Скопје, а од пријавените 2 000 натпреварувачки, бидејќи станува збор за трка од натпреварувачки карактер, ќе се прогласат најдобрите, со што ќе следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот