Градски двокатни ЈСП автобуси на рекорд / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

ЈСП со две нови линии, едната од Карпош 3 до Жданец, другата од Хиподром до Клинички центар

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе Одлуката со која се воведуваат две нови редовни автобуски линии. Првата автобуска линија, со број 29, ќе се движи од Карпош 3, поточно од кај Сити Мол до населбата Жданец, а нејзината рута ќе биде по улиците Жданец, Трнодол, Козле, булевар 8 Септември, булевар Партизански Одреди до Сити Мол и обратно.

Втората автобуска линија е со број 50А и ќе сообраќа од населбата Хиподром 2 до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Автобусите на новата линија ќе се движи по улиците 1646, Благоја Стефковски, потоа по булеварите Александар Македонски, Крсте Петков Мисирков, Гоце Делчев, улица Филип Втори Македонски, Димитрие Чуповски, булевар Св. Климент Охридски и булевар Мајка Тереза до Клиниччки центар и обратно.

Покрај двете нови линии, се врши и промена на возниот ред на линијата број 60, како и промена на возниот ред на линијата број 50 со цел усогласување со возниот ред на новата редовна линија 50А.

Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје се носи врз основа на барања на граѓаните кои се корисниците на јавниот превоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот