Фото: ЈП „Лајка“

ЈП Лајка слави 5 години постоење – вдомувањето бездомни кучиња ќе го реши проблемот

Вдомувањето бездомно куче не е само хуман гест, туку е суштинско за решавање на проблемот со бездомните кучиња, велат од Јавното претпријатие „Лајка“ од каде денеска организираа изложба на кучиња што бараат дом, по повод 5 години постоење.

Оттаму потенцираат дека вдомувањето бездомни кучиња е единственото хумано решение за системскиот проблем со бездомните кучиња.

-До сега покажавме дека знаеме да работиме одговорно и транспарентно, за што сведочат и бројките. Работиме со интегритет и хумано. Посветени сме на хуманата метода залови, стерилизирај и врати, посветени сме на вдомувањео како најдобра завршница во решавањето на комуналниот проблем со бездомните кучиња. Во овие три години колку што сум јас во „Лајка“ успеавме да заловиме преку 3200 кучиња, но и да вдомиме една треитина од нив или 1100 кучиња, рече директорката на ЈП Лајка Радмила Пешева.

Со ограничени ресурси, како што нагласи таа, но со јасна визија „Лајка“ изгради препознатлива практика третман со грижа вдомување како крајна цел.

Во „Лајка“ електронски се евидентира секое куче, со следење од влез до вдомување, има волонтерска програма со формализирана обука и вклучување граѓани. Ова градско јавно претпријатие има најуспешна финансиска година со 13,2 милиони денари нето добивка, намалени адвокатски и административни трошоци, соработка со градоначалници и државни институции и меѓународни организации, како ENPA најстара организација за заштита на животни во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот