Проф. д-р Сашко Јовев и адвокатот Мите Михајловски/Фото: Слободен печат

Јовев го потпиша решението за неговото разрешување од директор на Кардиохирургија

Д-р Сашко Јовев вчера го потпишал решението со кое министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија.

Тој за МИА изјави дека неговиот правен тим од утре ќе одлучи дали и кога решението ќе биде обжалено.

Кардиохирургот беше разрешен од директорската функција од страна Меџити, поради како што тврдеше министерот утврдени злоупотреби со дежурства и евиденција. Установата со која раководеше Јовев засега е без медицински менаџер.

Јовев во вчерашното гостување на телевизија Сител рече дека засега останува на кардиохирургија иако, како што посочи, веќе имал понуди од странство.

Јовев: Не ми понудиле да бидам министер за здравство, но ако ми понудат би прифатил

Меџити: Утрово пиев кафе со Јовев, но нема да ја преиспитам мојата одлука

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот