Меџити: Утрово пиев кафе со Јовев, но нема да ја преиспитам мојата одлука

Фатмир Меџити, министер за здравство/Фото: Слободен печат

Денес за прв пат утринското кафе го испив со проф. д-р Сашко Јовев. Тој е мој добар другар и пријател. Тој ќе продолжи да работи на Клиниката за кардиохирургија заедно со другите. Дали ќе биде директор не реков. Секојдневните обврски на Клиниката за кардиохирургија ќе си ги извршува и ќе се потрудам со ребаланс на буџетот Клиниката за кардиохирургија да добие поголема сума за трансплантација- рече министерот за здравство Фатмир Меџити на прес- конференцијата по повод 100 дена ангажман во Владата.

Меџити рече дека Јовев му е добар другар и продолжуваат да работат заедно, но нема намера да ја преиспита неговата одлука за разрешување на директорот.

-Одлука за разрешување нема да се преиспита. Кога се донесува одлука од министерот, таа не се преиспитува, рече Меџити. На прашањето дали знае дека Заеднички служби на Клинички центар немаат земено плата два месеци, Меџити рече дека за тоа е одговорна Владата.

Покачување на платиза сите вработени, лекари, сестри, лаборанти, болничари и хигиеничари за 2.000 до 3000 дена и зголемен надомест за дежурства од 125 до 166 отсто се само дел од работите кои ги направил за 100 дена ангажман во Владата, рече Меџити.

– Освен повисоки плати за докторите, реновиравме многу оддели, Центар за дијабетес, Одделот за гастроентерохепатологија, одел во Клиниката за ендокринологија, оддел на Клиниката за токсикологија, во Гостивар одделот за Педијатрија, Тетово ургентен центар- се само дел од клиниките кои се реновирани- рече министерот.

Тој вели дека се отворил Центар за црн дроб, се ажурирала позитивната листа која не била ажурирана од 2015 година, се работи на дигитализација на здравстевени услуги, се направила мобилна апликација „мое здравје“.

-Воведена е роботика во ортопедија, во тек се тендери за лифтови за Клиниката за хематологија, за клиниката во Тетово,спроведена е акција „садиме здравје“, засадени се 100 стебла на Клиника, улиците се средени, странци ќе плаќаат исто како нас за здравствените услуги- рече Меџити.

За сите разрешени директори на клиниките рече има директори и организациони директори, а инспекциите ќе продолжат да работат и да забележуваат неправилности во работењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот