Јовески: Доставена е кривична пријава за директорката Димова за четири кривични дела

Фото: Фејсбук

Јавниот обвинител Љубомир Јовески на ТВ24 изјави дека до основното обвинителство е доставена кривична пријава за гонење на организиран криминал и корупција во која се работи за четири кривични дела кои ги направила директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова.

„Финансиска полиција најави, а во меѓувреме мислам дека е и доставена пријава до обвинителството за случајот со Лидија Димова“, рече Јовески на ТВ 24.

Тој посочи дека две казнени дела ги направила самата Димова, а во другите две учествувале и други лица.

„Опфатен е и случајот „Фризерница“ и други случаи на извлекување на 15.000 евра од касата на агенцијата и уште некои други дејствија.“, изјави Јовески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот