Фото: Слободен печат

Јовановски: Васил Рингов беше човек кој имаше свое достоинство, интегритет

Се одржа комеморативна седница во чест на легендата на македонскиот фудбал Васил Рингов. Најголемиот дел од кариерата го помина во дресот на Вардар каде во периодот од 1977 до 1983 година на 154 натпревари постигна 60 гола. Го носеше „црвено-црниот“ дрес во периодот од 1983-1986 година кога во 56 настапи, 23 пати се запиша во листата на стрелците.

Потоа заминува во Партизан каде во две сезони забележал два настапи по што се враќа во Македонија и го носи дресот на Тетекс за кој настапува од 1975 до 1977 година на 45 натпревари постигнал 16 гола.

По блескавата кариера во Вардар, Рингов заминува во загрепски Динамо, а по две години минати на Максимир се сели во Ајнтрахт Брауншвајг.

Голем број на фудбалски работници му оддадоа почит на една од нашите најголеми фудбалски легенди.

Рингов беше фудбалер кој настрада од синдромот Скопје – Македонија, како и неколку други македонски фудбалери. Тоа беше синдромот дека репрезентацијата на Југославија се правеше во Белград, Загреб, Сплит… никогаш во Скопје. Но, тоа не му попречи на Рингов да стане легенда на македонскиот фудбал, една од иконите на фудбалот. Васил Рингов беше одличен фудбалер, тука има фудбалери кои за интернационалната кариера можат да му се заблагодарат на него, бидејќи ги погодуваше во трепавица.

Рингов не беше само голем фудбалер, тој пред се беше голем човек. Во фудбалот често е присутен проблемот со суетите, Рингов е еден од ретките кои беше во фудбалот, а да нема непријатели, афери, подметнувања… остана и си замина како голем човек – кажа извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски.

Фото: Слободен печат

ФК Вардар ќе поднесе иницијатива до МОК и Министерството за Спорт, ПУИГ…за Јужната трибина да го добие името на Васил Рингов. Воедно, ФК Вардар го повлекува дресот со број 11 во чест на Васил Рингов.

Рингов беше човек кој имаше свое достоинство, интегритет, тоа треба да се нагласи посебно во денешно време кога е тешко да се задржи тој интегритет. Таа негова оригиналност може да се искаже и со струмичкиот акцент кој му беше присутен кога дојде. Секое дружење со него, секој тренинг, секој натпревар, секое патување со него можеше пет-шест анегдоти да се раскажат. Неговиот дух секогаш ќе лебди над Градски, секогаш ќе лебди особено над јужната трибина. Не можеме да ги заборавиме неговите центаршутеви, секогаш знае да те погоди во трепавица.

Да го споменеме антологискиот гол против Трепче со глава со кој го однесе Вардар во првата лига. Тоа можеби и му беше единствениот гол со глава во кариерата. Не можам да ги заборавам тие тренинзи кои ги правевме еден час пред да почне официјалниот тренинг. Никогаш не можам да заборавам кога пред почеток на натпревар секогаш ќе отидеше до капитенот Кочо Димитровски и ќе му речеше те молам одбери ја јужната трибина, а сите знаеме дека ја бираше поради тоа што таму имаше сенка, не сакаше да игра на сонце – рече поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски и екс играч на Вардар од 1978 до 1986 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот