Јовановски: Осудете ме, да не се мачиме

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, на сослушувањето на сведокот Ана Камчева на денешното судење, побара да опише каков точно бил несесерот во кој наводно му дала 350.000 евра. Таа рече дека несесерот бил во светла боја, а и го дала нејзината свекрва Ратка, истакнувајќи дека Јовановски го вратил несесерот, преку Зоран Милевски Кичеец.

Јовановски тогаш ја праша и дали го посетувала додека тој бил во „Систина“ за да се оперира, на што таа одговори:

– Да, бев два пати, заедно со Кичеец и докторот.

Прашана за кого предвреме ја информирал дека ќе биде уапсен од СЈО, Камчева рече:

– За два дена ми рече дека ќе го притворат Сашо Мијалков, така и беше.

Обвинетиот Јовановски рече дека за Камчева ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело и откако повторно беше опоменат од судијката се пожали дека ништо не му е дозволено да ја праша Камчева.

Тогаш Јовановски се обрати кон судот и рече:

– Па дајте осудете ме, да не се мачиме! Ме деконцентрирате!

Обвинетиот Јовановски во директно испрашување ја праша Камчева дали се сеќава на гала – вечерите организирани во нивната, како што рече „велелепна палата”:

– Дали се сеќавате на гала-вечерите организирани во вашата велелепна палата?

Судијката не го дозволи прашањето и му се обрати на Јовановски да не се расправа со Камчева во судницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот