Јовановски: Граѓаните не треба да ги критикуваат превозниците, треба да ја критикуваат Арсовска

Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“/Фото: Слободен печат

Блокадите на крстосниците ќе останат се додека не се седне на маса и не се изнајде законски и соодветно решение за целиот проблем.

Ова го изјави првиот човек на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски кој меѓу другото истакна и дека превозниците не ја исклучуваат можноста за радикализација на протестите во следните неколку дена.

Според Јовановски, целта на протестите е како што рече, превозниците да го свртат вниманието кон себе и на тој начин граѓаните да ја дознаат вистинската состојба.

– Не можат граѓаните да ги критикуваат приватните превозници, треба да го критикуваат изворот на овој проблем, а тој е кај градоначалничката која што дозволи нешто вакво да се случи. Не смеат граѓаните да дозволат да имаат градоначалник кој треба да се грижи за нивните интереси и за јавниот интерес а кој на еден ваков начин го нарушува – вели Јовановски.

ВИДЕО: Расте нервозата, скопјани заглавени кај Тутунски поради протестот на приватните превозници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот