ВИДЕО: Расте нервозата, скопјани заглавени кај Тутунски поради протестот на приватните превозници

Гужва кај Тутунски комбинат/Фото: Слободен печат/Елена Вељановска

Откако рано утрово приватните автобуски превозници ги блокираа трите главни точки во главниот град, односно крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвен Крст, како и Булеварот Илинден околу локацијата на градското Собрание сообраќајот се пренасочува кон другите сообраќајници каде се создаваат големи гужви и застој во сообраќајот.

Гужва кај Тутунски комбинат/Фото: Слободен печат/Елена Вељановска

Нервозни возачи во автомобилите, преполни автобуси на ЈСП, застој на крстосниците е сликата од утрово низ главниот град.

Гужва кај Тутунски комбинат/Фото: Слободен печат/Елена Вељановска

Кај Тутунски комбинат од правец на Аеродром кон центарот се создаде голема колона поради блокадата кај Црвен крст, па сообраќајот наместо директно кон центар се пренасочува по споредните улици.

Возачите на приватните автобуси ја блокираат раскрсницата кај Црвен крст/Фото: Слободен печат/Елена Вељановска

Дел од возачите на приватните автобуси застанаа на раскрсницата кај Црвен крст каде на сите ленти се паркирани приватните автобуси во исчекување на некаков договор со Град Скопје и пред се враќањето на заостанатиот долг кон двете приватни автобуски компании „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ кои со години ги опслужуваат скопјани заедно со ЈСП.

Нови блокади низ Скопје: Кои улици се утрово блокирани?

Поради закрчениот сообраќај на улиците, проблем со движењето имаат и пешаците, велосипедистите и лицата со електрични тротинети кои сметаа дека со алтернативен превоз и пеш можеби побрзо ќе стигнат.

Скопјани утрово повторно имаа проблем да стигнат на работните места, учениците на училиште и всушност секој до својата одредница.

Кемал Муриќ од приватниот превозник „Слобода превоз” вели дека нема да се тргнат блокадите додека нема напредок за излез од состојбата.

– Како што најавивме денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да се договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија се со цел да не трпат граѓаните, рече Муриќ

Од Град Скопје пред неколку дена соопштија дека го прекинуваат договорот со приватните превозници од „Слобода превоз” поради неисполнување на обврски што произлегуваат од договорот. Од Градот апелираа до превозниците да ја ревидираат одлуката за блокада на Скопје, бидејќи, како што велат, со тоа нема да постигнат решение за проблемот.

Инаку, посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден” – од крстосницата на бул. „Илинден” со бул. „Св. Климент Охридски”, до крстосницата од бул.„8 Септември” и бул. „Илинден” – крстосницата од ул. „11 Октомври” и бул.„ Кочо Рацин” (Црвен крст) и крстосницата од бул. „Гоце Делчев” и бул. „Крсте Мисирков” (Судска палата).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот