Јовановска од АВРМ: Вкупно 12. 000 граѓани останале без работа периодот март-мај (ВИДЕО)

Во Агенцијата за вработување како последица од кризата што ја предизвика коронавирусот за периодот март-мај биле пријавени вкупно нови 12. 000 граѓани кои останале без работа. Ова денеска за Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ го изјави директорката на АВРМ, Билјана Јовановска.

-Сметам дека не станува збор за голема бројка ако се земе во предвид колку луѓе во светот останаа без работа. Се направија напори, се донесоа уредби со коишто максимално се изборивме за задржување ба работните места и за отворање на нови работни места, вели Јовановска.

Што се однесува на мерките за помош на граѓаните кои ги донесе Владата, Јовановска вели дека АВРМ ја завршила обврската да го предаде списокот на активни баратели на работа до УЈП, по што истиот ќе се филтрита.

-Граѓаните нема потреба да аплицираат во Агенцијата, ниту на друго место. Можат на веб страна да проверат дали ги исполнуваат условите, а картичката на тие што исполнуваат услови ќе им стигне на домашна адреса. Имаше и такви кои сакаа да го пренаменат својот статус, односно од пасивни баратели на работа да станат активни, и тоа е дозволено, не само за оваа мерка, туку и за останатите кои им се примамливи на невработените.

На пример, за обуката за напредни ИТ вештини, младите лица, од пасивни, можат да станат активни баратели на работа и да се вклучат во програмата, објаснува Јовановска.

Таа додаде дека се уште се активни мерките за вработување од оперативниот план за 2020 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот