Јован Цветановски / Фото: Слободен печат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на работа – Советот му ја укина суспензијата

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. Членовите на Советот ѝ најдоа грешка на дисциплинската Комисија која постапувала за Цветановски која констатираше дека тој се откажал од жалба или обвинение за четири високопрофилни предмети.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Башким Бесими, изјави дека го разгледале решението и жалбите и констатирале дека има пропусти во Првостепената комисија во предметот за Цветановски.

-Како Совет, ние не можеме да ги исправиме тие пропусти, бидејќи нашите надлежности не го дозволуваат тоа. Заради тоа предметот го враќаме назад со конкретни насоки, а потоа Комисијата ќе донесе нова одлука. Доколку повторно има жалба или по донесувањето на одлуката, ние ќе постапиме соодветно. Причините за оваа одлука се самиот факт дека во решението имаше многу пропусти. Со тоа се создава основа јавниот обвинител да се врати на работа. Како Совет го констатиравме тоа и затоа одлучивме суспензијата да се укине. Со оваа одлука обвинителот се враќа на својата функција – рече тој.

Цветановски тврдеше дека суспензијата е резултат на притисоци и обид за дискредитација, бидејќи одбил да донесе „незаконска одлука“ за бонусите на поранешното Специјално обвинителство. Во јавноста излезе со изјави дека врз него се вршени притисоци од други обвинители и дека суспензијата е дел од политички мотивирана хајка.

Во рамки на седницата беше разгледан и дисциплинскиот предмет за поранешниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи за кој Советот констатираше дека тој претходно поднел барање за престанок на функцијата, па предметот против него беше прекинат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот