Фото: Скриншот

Јотова е загрижена: С. Македонија лобира да го заобиколи првиот кластер, да не се лаже дека постои полесен пат до ЕУ

„Имаме загриженост, слушаме сигнали дека Северна Македонија бара друго лоби за да го заобиколи првиот кластер, кој е најважен за човековите права, и се обидува да започне со другите поглавја, кои се многу поспецифични. Нема шанси Бугарија да се согласи на таква промена“, изјави вршителката на должноста бугарската претседателка, Илијана Јотова денеска во Минхен, каде учествува на Минхенската безбедносна конференција.

Јотова, како и претходно македонскиот премиер Христијан Мицкоски, денеска се сретна со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, со кого разговарала за проширувањето на Западен Балкан, за случајот со Македонија, како и за бугарската позиција по ова прашање.

„Нагласив дека имаме европска политика по ова прашање, имаме услови кои се исти како и оние на европските институции. Додека нема промена во уставот на РСМ и регистрација на Бугарите таму, не може да има никакво продвижување“, рече Јотова.

„До јуни, со напорите на Бугарија и европските партнери, мора да се најде опција, ако Северна Македонија сè уште сака да биде дел од ЕУ“, вели таа.

Вучиќ ги потпиша судските закони и покрај критиките од Брисел – Марта Кос го искара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот