ЈО: Вториот круг од локалните избори помина мирно, забележан само еден прекршок во Шуто Оризари
Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес денеска го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори. Во сите јавни обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи.
Препорачано
-Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес. Единствено е регистрирано едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче, за што веднаш се дадени насоки за документирање на настанот, кој претставува прекршок – се вели во соопштението.
Комисијата на Јавното обвинителство најави дека останува активна до целосно завршување на изборниот процес. Од таму потсетуваат дека сите граѓани кои имаат сомнеж за можни кривични дела поврзани со изборите можат да поднесат пријава во било кое јавно обвинителство во државата или преку електронска пошта на [email protected]..
Јавните обвинителства, по сите пријави поврзани со изборите постапуваат со приоритет.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


