Јелена Јанковиќ бремена, таткото на нејзиното дете е угледен доктор, а за нивното запознавање е „виновен“ Новак Ѓоковиќ

Instagram

Една од најдобрите српски спортистки е бремена и наскоро ќе роди девојче… Поранешната српска тенисерка Јелена Јанковиќ (35) и нејзиниот партнер, докторот Бранко Бараќ, ќе станат родители, пренесува српски Курир.

Ана Ивановиќ, Новак Ѓоковиќ и Јелена Јанковиќ/Instagram

За приватниот живот на Јелена малку е познато, а за тоа е и самата заслужна бидејќи секогаш се трудела што помалку детали од нејзиниот живот да излезат во јавноста. До неодамна Јелена успешно го криеше и емотивниот живот, но сепак, медиумите пред неколку месеци дознаа дека таа има нов партнер, угледниот доктор од Белград, Бранко Бараќ. Како што наведуваа локалните медиуми тогаш, таа и докторот се запознале по тенискиот турнир одржан во јуни во Белград. Кога Новак Ѓоковиќ дознал дека е позитивен на коронавирусот, Јелена која била во контакт со него, морала да се тестира.

Фото: Profimedia

Тогаш во една приватна белградска клиника, каде заминала на преглед, го запознала докторот Бранко, и буквално како на филм, веднаш се родиле симпатии помеѓу нив. Додека се лекувала од ковид-19, Јанковиќ останала во контакт со докторот, па така тие набрзо започнале да излегуваат.

Серена Вилијамс, Марија Шарапова, Ана Ивановиќ и Јелена Јанковиќ/Instagram

Нивната врска одлично се развила, а како што потврди изворот, кој за српски Курир откри дека Јелена е бремена, тој не е сигурен дали бебето било планирано во пандемијата или било сосема случајно, но вели дека и двајцата се пресреќни што ќе станат родители.  Сѐ уште не е познато дали парот ќе се венча, поради пандемијата на коронавирусот која на сите им ги поремети плановите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот