Фото: Принтскрин

Јавното обвинителство открива случаи на поткуп, притисоци и изборни прекршоци низ државата

Претседателот на привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по евентуални кривични дела поврзани со изборите, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, изјави дека низ денот обвинителствата внимателно го следеле текот на изборниот процес и дека само неколку случаи укажуваат на можни кривични дела.

„Јавното обвинителство низ денот интензивно го следеше изборниот процес. Бројот на информации кои упатуваат на сомнение за кривични дела е мал низ целата држава, а обвинителствата веќе преземаат дејствија за нивно целосно испитување,“ рече Бајрами.

Тошковски: Изборите беа едни од најмирните и најбезбедните во поновата историја на државата

Тој детално ги наведе случаите кои се евидентирани на подрачјето на различни виши јавни обвинителства, со конкретни локации и дејствија на локалните обвинителства.

„На подрачјето на Вишото јавно обвинителство во Скопје се евидентирани следните случаи: ОЈО Велес презема дејства за наводи за поткуп при избори против две лица од Чашка, ОЈО Крива Паланка испитува наводи за поткуп на гласачи, ОЈО Куманово постапува за проверка на два издвоени случаи – за телефонски влијанија врз гласачи во Куманово и Кратово. ОЈО Скопје постапува за две задржани лица на гласачко место во Чаир кои одбиле да се легитимираат и за две сликања на гласачко ливче во општина Гази Баба, што исто така е прекршок, а не кривично дело,“ објасни Бајрами.

Приведени се двајца престапници во Чаир — лажно се претставувале како изборни набљудувачи

Во регионот на Вишото јавно обвинителство во Битола, отворени се уште неколку предмети поврзани со изборен поткуп.

„На подрачјето на ВЈО Битола, под наводи за поткуп при избори постапува ОЈО Прилеп за настан во Крушево и ОЈО Охрид за настан во Охрид, при што возило е запрено бидејќи според сознанија на полицијата, во возилото имало лица што вршеле поткуп при гласање. Во возилото се најдени 30 банкноти од по 2.000 денари и наводен список на лица кои требало да ги добијат парите. Обвинителството постапува по насоките,“ наведе тој.

Во источниот регион ситуацијата е помирна, но се проверуваат поединечни пријави за наводен поткуп.

„Во подрачјето на ВЈО Штип нема известувања за кривични дела, но по усно известување за наводен поткуп постапува ОЈО Свети Николе, а ОЈО Штип и ОЈО Кочани постапувале по индиции за поткуп и притисок врз гласачи, но наводите се проверени и не се потврдени,“ рече јавниот обвинител.

Тој додаде дека и во северозападниот дел од државата обвинителствата формирале предмети по добиени информации за можни прекршувања на изборниот молк.

„ОЈО Тетово и ОЈО Кичево оформија предмети по допрен глас и испитуваат евентуално прекршување на изборниот молк во Кичево и во Желино. ОЈО Кичево постапува и по информација за нерегуларности при гласањето на болно и изнемоштено лице во Македонски Брод,“ појасни тој.

Во Тетово, пак, е отворен предмет за објава на фотографија од гласачко ливче.

Приведени се двајца престапници во Чаир — лажно се претставувале како изборни набљудувачи

„Во ОЈО Тетово е заведен предмет против непознат сторител за кривично дело повреда на тајноста на гласањето, бидејќи фотографијата од гласачкото ливче се појавила на социјалните мрежи денеска,“ информира Бајрами.

На крај, обвинителот подвлече дека сите овие случаи се поединечни и дека институциите ќе дадат приоритет на нивното расчистување.

Приведени двајца крушевчани за поткуп при гласање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот