Панче Тошковски / Фото: скриншот

Тошковски: Изборите беа едни од најмирните и најбезбедните во поновата историја на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оцени дека денешните избори биле едни од најмирните и најбезбедните во поновата историја на државата без ниту еден посериозен инцидент или нарушување на јавниот ред и мир.

Гласањето, според Тошковски, почнало на сите гласачки места освен на 84 главно поради технички проблеми кои биле решени во рок од најмногу два часа.

– Регистрирани беа 29 прекини на гласањето од 15 до 30 минути најчесто поради технички проблеми со уредите за идентификација најмногу на подрачјето на СВР Тетово и СВР Охрид.
Пријавени се 91 настан на територијата на Република Македонија најмногу за агитирање и можен поткуп, а дел за фотографирање на гласачко ливче, лепење плакати и упатување закани.
Во текот на денот лишени од слобода се 11 лица поради поткуп, уништување или фотографирање на гласачко ливче. Четири лица се ослободени, а за 7 има натамошна постапка – изјави Тошковски на прес-конференција.

Тој додаде дека биле пријавени 7 настапи со наводна инволвираност на полициски службеници, од кои за 6 немало основа, а за еден се проверува.

– Сите податоци потврдуваат дека денешниот изборен процес помина во мирна, фер и демократска атмосфера, без ниту еден посериозен инцидент или нарушување на јавниот ред и мир – додаде Тошковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот