Јавниот долг на Албанија во првото тромесечие пораснал за 327 милиони евра

Повикувајќи се на официјални податоци на Министерството за финансии во извештајниот период јавниот долг се зголемил за 45,7 милијарди леки или околу 372 милиони евра.

Јавниот долг на Албанија е видно зголемен во првото тромесечие од годинава, во екот на изборната кампања, оценува весникот “Монитор”.

Повикувајќи се на официјални податоци на Министерството за финансии во извештајниот период јавниот долг се зголемил за 45,7 милијарди леки или околу 372 милиони евра.

Тоа претставува највисок раст за толку кус период на јавниот долг и е околу 41 отсто од растот на долгот во 2020 година, кога се зголемил за 112 милијарди леки споредено со претходната, 2019 година.

Вкупните јавни обврски достигнале 1,26 трилиони леки од 1,24 трилиони колку што биле на крајот на минатата година.

Податоците потврдуваат дека владата во првиот квартал потрошила половина од вкупниот буџет за годинава.

Врз зголемувањето на јавниот долг најмногу влијаеле двата големи кредита.Едниот во износ од 90 милиони евра од Европската комисија за ублажување на тешките социо-економски последици предизвикани од пандемијата со Ковид-19 и вториот во износ од 82 милиони евра од ЕБОР за подршка на туризмот и инфраструктурата.

Според Евростат Албанија е меѓу 13-те земји со највисок јавен долг во однос на БДП во цела Европа во 2020 година. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот