Јасухира пред реваншот со Татабања: Заедно да испишеме историја за ГРК Охрид
По победата во последното коло од плејофот во Супер лигата дома над Тиквеш (29:22), сега сите погледи на ракометарите на ГРК Охрид се насочени кон реваншот од финалето во ЕХФ Европската лига.
Препорачано
По минималната победа во Унгарија од 29:28, следува реваншот против Татабања кој е закажан за 31 мај со почеток од 20.00 часот во салата „Билјанини Извори“.
Веќе сите билети се распродадени за овој спектакл, трибините ќе бидат полни, а сигурно ќе владее добра атмосфера и околу салата, играчите на тренерот Борис Ројевиќ ќе имаат голема поддршка во обидот да се испише историја за клубот и за македонскиот клупски ракомет на меѓународната сцена.
Клубот ги повикува сите навивачи, љубители на ракометот и спортот на забава која ќе почне од 17.30 часот, во фан зоната од каде може исто да се следи натпреварот во живо на лед екран.
Еден од клучните играчи во тимот на ГРК Охрид, јапонскиот интернационалец Косуке Јасухира ги сподели очекувањата пред реваншот:
– Ни следува финалето на ЕХФ Европскиот куп. Подготвени сме максимално, ќе се бориме за Охрид, заедно да испишеме историја за клубот – се зборовите на Јасухира кој постигна четири погодоци на првиот меч.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


