Јапонскиот премиер по вторпат во болница за една недела

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе повторно беше во болница во Токио, вторпат во текот на изминатава недела.

Абе, кој долго време страда од воспаление на цревата, во последно време, исто така, се жалел и на замор, пренесуваат британските медиуми.

Во краткото обраќање по враќање од болницата Абе кажа  дека сака да стори се да може да биде здрав и да го даде својот максимум на работа.

Се шпекулира, меѓутоа, дека Абе заради здравствените проблеми ќе се повлече од функцијата прв човек на јапонската Влада, а како еден од најсериозните кандидати кои можат да го заменат на оваа функција се споменува владиниот портпарол  Jошидо Суга.

Абе и во 2007 година заради истата причина мораше да ја напушти премиерската функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот