Јапонскиот министер за здравство: Контаминацијата на вакцината на Модерна била предизвикана од игла

Вакцина „Модерна“ / Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Јапонскиот министер за здравство во вторникот изјави дека е многу веројатно дека страната супстанца откриена во вакцината Модерна во јужната префектура Окинава е создадена при ставање игли во шишиња.

Префектурата Окинава во неделата објави дека делумно ја одложува програмата за вакцинација со модерна вакцина, откако во шишиња и шприцеви биле откриени непознати супстанции. Министерството за здравство подоцна објави дека иглите можеби биле погрешно внесени во шишињата, поради што се скршени деловите на гумената затка.

„Која и да е причината, научивме дека нема безбедносни или други проблеми“, рече министерот за здравство Норихиса Тамура пред новинарите, додавајќи дека не е невообичаено странски материјал да влезе во шише со други вакцини.

„Ќе продолжиме да собираме информации и да известуваме“, додаде тој.

Јапонија се соочува со најголемиот бран на инфекции досега за време на пандемија поради заразната варијанта на коронавирусот.

Вакцинацијата беше попречена од доцнењето на увезената вакцина и откривањето на контаминација во некои дози на Модерна, што доведе до прекин на употребата на три серии вакцини Модерна минатата недела.

Таро Коно, министерот задолжен за кампањата за вакцинација, во вторникот рече дека сака да ја забрза испораката на вакцини во општините кои беа принудени да ја прекинат вакцинацијата поради недостаток на дози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот