Јапонките сѐ уште се на првото место во светот по должина на животниот век
Во 2024 година, Јапонките имаат највисок животен век во светот, што е четврта деценија по ред во која се на првото место, според официјалните податоци. Нивниот просечен животен век бил 87,13 години, што е мало намалување од 0,01 година во споредба со 2023 година, пренесуваат јапонските медиуми.
Препорачано
Очекуваниот животен век на мажите остана непроменет на 81,09 години, но нивната позиција на глобалната ранг-листа падна од петто на шесто место, објави јапонското Министерство за здравство, труд и социјална помош.
По Јапонија на глобалното рангирање за жени следуваат Јужна Кореја со 86,40 и Шпанија со 86,34. Кај мажите, Шведска се рангираше на прво место со 82,29, по што следуваат Швајцарија со 82,20 и Норвешка со 81,59, соопшти министерството.
Очекуваниот животен век и за мажите и за жените се намали во 2021 и 2022 година, главно поради влијанието на пандемијата Ковид-19, но се подобри во 2023 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


